top of page

Јован Јованов ја започна својата солистичка кариера како изведувач во 2003 година со издавање на песната "Да те имам ''само'' тебе". Истата таа година Јованов настапи на Макфест 2003 и ја освои третата награда од публика со композицијата "Да те видам пак".

Во 2005 година Јован Јованов го сними својот дует со Маја Саздановска насловен како "Ти ме сакаш знам" а со истата композиција ја освои првата награда од публика на фестивалот Макфест 2005.

Во 2006 година Јованов започна со снимање на композициите за неговиот прв соло албум насловен "На мој начин". На 9 мај 2007 година албумот излезе во продажба. Како најавни синглови на истиот беа композициите "Во право си" и "Јас си заминувам". Во текот на летото Јованов го преработи својот најголем хит до тогаш "Магија" заедно со Адриан Гаџа и Врчак.

Јован во периодот од 2007 до 2009 година одржа повеќе 100 концертни настапи низ сите клубови и дискотеки во Македонија. Како најзначајни беа неговиоте два големи концерта во Скопје на 10 и 11 април 2008 во Универзална Сала.

Во 2008 година го промовираше со видео запис неговиот нов сингл "Можам да украдам" а неколку месеци покасно ја оствари соработката со Тони Зен и Ламбе за песната "Итно ми требаш" која воедно стана и еден од најголемите хитови во неговата кариера.

Во 2009 година Јованов ги издаде синглови "Слаба Точка", во соработка со Елвир Мекиќ и "Модел" во соработка со Тони Зен. После видео спотот за "Слаба Точка" Јован одлучи да ја стави на пауза неговата солистичка кариера, посветувајќи се на менаџирање на други артисти како и компонирање за истите.

Издадени Синглови со Видео записи:

01.Да те имам "само" тебе

02.Кој е твојот проблем

03.Да те видам пак

04.Ти ме сакаш знам

05.Во право си

06.Јас си заминувам

07.Магија

08.Можам да украдам

09.Итно ми требаш

10.Тие усни твои

11.Слаба точка

Итно Ми Требаш

Видео спотот за песната "Итно ми требаш" е снимен на 10 јуни 2008 на базенот во Неготино. Како режисер се јавува Јован Јованов во реализација на Фабрика Продукција. Модното студио Мак моделс обезбеди повеќе од 70 статисти, танчери и модели кои беа дел од овој видео запис.

Вкупниот буџет беше 3.500 евра

Концерт - Универзална Сала 10 и 11 Април

Промоција на албумот "На мој начин"

Видео Спот - Во Право Си

Видео Спот - Слаба Точка

Макфест 2003 - Трето место од публика

Макфест 2005 - Прво место од публика

Знак ти давам - 1997

Првата снимена и издадена песна на Јован Јованов е насловена како "Фрилија Цигарата", а со истата настапи на тинејџерскиот фестивал во Прилеп "Тин Фест" во 1996 година. Музиката и текстот беа негово авторско дело, додека аранжманот го изработи Мехмед Манев.

Наредната 1997 година Јован за прв пат настапи на фестивалот Макфест 97 и беше комплетен автор на песната "Знак ти давам". Со тоа Јован беше најмладиот кантавтор во историјата на фестивалот.

После фестивалот Јованов ја промовираше истоимената композиција на неколку музички емисии на МРТВ.

bottom of page