Јован Јованов е познат македонски композитор на Pop, Dance, R&B, Hip Hop, Pop-Rock, Folk музика. Својата професионална кариера ја започна на 16 години со оформување на групата Магија. Има создадено повеќе од 500 композиции во Макеоднија за неговата 17 годишна кариера. Има соработувано со гомел број на популарни музички имиња од Македонија и од целиот балкански регион. Голем број на награди и признанија се дел од неговата кариера. Јованов се јавува како организатор на повеќе од 30 музички концерти, како менањер на познати македонски артисти како и инвеститор во нивната кариера. Освен компонирањето музика, како друпа пасија му е режирање на музички спотови. После 17 години работа и креирање во Македонија, Јованов на своите 33 години реши да ја промени државата на живеење како и да се посвети на интернационална кариера. Беше една година на усовржување во Холивуд за соунд инжинер па после тоа со својата фамилија се пресели во Торонто, Канада.
Почеток на кариера
Јован Јованов уште од својата 5 година го покажа својот интерест кон музиката. Заврши нижо музичко образование. Свири пиано и гитара. На својата 11 годишна возраст ги создаде првите текстови а веќе следната година започна да компонира и музика. Првата автоска песна јас сними и издаде на 14 годишна возраст насловена како ''Фрлија цигарата'' а истата ја изведе на тинејџерскиот фестивал во Прилеп ''Тин Фест''.
Со самото запишување во средното музичко училиште ''Илија Николовски Луј'' Јованов започна да изработува и аражмани на неговите композиции. Во прва година средно образовани за прв пат конкурираше и настапи на реномираниот фестивал ''Макфест 97'' и беше најмладиот кантавтор во историјата на фестивалот кој настапил на Макфест.
Магија
По настапот на ''Макфест 97'' година Јован ја оформи групата Магија која набрзо прерасно во голема тинејџерска атракција во Македонија. Веќе наредната година заедно со Магија настапија на ''Макфест 98'' и ја освоија првата награда од публика а тоа беше пресудно за да станат екстремно популарни за многу кратко време. Публиката ги препознавање Магија понивните хитови како што се: Магија, ДЈ, Светло се гасне, Кажи ми, Низ оган да минувам и други. Групата Магија постоеше 3 години, имаше издадено еден албум насловен како ''Помислувам на тебе'', повеќе од 100 настапи низ републиката како и повеќе од 30 солистички концерти одржани во спорски сали и културни домови.
Студио Јованови
Со самото завршување на средното мучко образование, Јованов го продолжи своето школување на Факултетот за музичли уметности Скопје, смер музичка теорија и педагогија. во 2001 година Јованов отвори свое сопствено музичко студио за снимање и миксање ''Студио Јованови'' во својата куќа во населба Радишани. Во студиото работеше се до неговото заминување најпрво во САД а потоа во Канада. Јованов создаде стотици популарни песни, хитови кој ба застапени на сите радио станици, клубови, дискотеки. Со неговата музика раснеа многу генерации. Од секогаш со модерен и претпознатлив стил внесување свежина во македонската естрада. Како со Магија, така и со Елвир Мекиќ, Слаткаристика, Next Time, Тони Зен, Tyzee(Тајзи) и многу други.
Како композитор изборот за песна на Евровизија има освоено 3 пати прво место во (Тоше Проески 2004), (Next Time 2009),(Влатко Илиевски 2011) и два пати второ со (Тик Так група 2001), (Адриан Гаџа и Есма Реџепова 2006).
На макфест има освоено 3 пати прва награда (Магија 1998), (Јован Јованов и Маја Саздановска 2005), (Ламбе Алабаковски 2010), два пати второ (Адриан Гаџа 2005), (Next Time 2008), три пати трето (Јован Јованов 2004), (Зоран Стаменковски 2006), (Елвир Мекиќ 2007) како и прво место на Скопје фест со Ламбе Алабаковски во 2013 година.
Како и награди на Охрид Фест, Евро Фест и Сунчане скале
Во своето студио Јованов ги продуцираше 2 албуми на Елвир Мекиќ, Адриан Гаџа, Слаткаристика, 1 албум на Тони Зен, Next Time,Соња Тарчуловска, Весна Павлова, Tyzee (Тајзи),Јован Јованов, Емил Арсов како и многу бројни синглови на останати артисти.
Јованов Рекордс
во 2008 година Јован Јованов ја отвори својата компанија Јованов Рекордс. Во соработка со План Б продукција работеа заедно на кариерите на самиот Јованов, Елвир Мекиќ и Next time. во 2009 година Јованов во пронајде Слаткаристика и започна да инвестира во неговата кариера. Како негов менаџер и продуцент заедно работеа 5 години. Издадоа 2 албуми и 2 ДВД изданија од концерти. Организираа повеќе од 200 концертни настапи. Слаткаристика стана наголем рекордер во преглени на youtube, како и еден од најпопуларните артисти во Македонија и регионот. Компанијата Јованов Рекордс воедно го издаде албуот на Тони Зен, Емил Арсов, Весна Павлова. Беше дел од менаџерскиот тим на Тони Зен, Христијан Тодоровски Кико, Емил Арсов, Александар Белов, Скит Скитара.
Нова Икс Идеа
Јован Јованов и Кристијан Стефановски ја основаа заедничката компзнија Нова икс Идеа. Фирма со која организираа многу концерти на познати балканиски имиња во Македонија, како што се Бело Дугме, Прљаво Казалиште, Ван Гог, Харис Џиновиќ, Влатко Стефановски и Стефан Миленковиќ, Црвена Јабука, Архангел и многу други. Воедно работеа заедно на кариерите на Емил Арсов, Христијан Тодоровски Кико и Ивица Веловски. Го организираа фестивалот ''Макфест'' 2011 и 2012.
Интернационална кариера
Во 2013 година Јованов и неговата фамилија аплицираа за иселеничка виза во Канада. Јован конечно после долго време размислување реши својата кариера да ја прошири на глобално ниво. Во меѓувреме се запиша во Los Angeles Film School, recording Arts за усовршување во обласнта за соунд инжинер. Веќе во 2014 година Јованов замина од Македонија. Моментално живее и работи во Торонто, Канада. Веќе започна со создавање на песни за кандаски пеачи, отвори музилко студио во Торонто и ја гради својата кариера на Америчкиот континет.