top of page

Членови на МАГИЈА:

Јован Јованов, Дамјан Лазаров, Зоран Стаменковски

и Дони Марџиев

 

Групата МАГИЈА постоеше од Февруари 1998 до Cептември 2001. 

Јован Јованов беше основач, член а воедно и автор на песните. Магија во периодот на нејзиното постоење беше најпопуларна музичка група, која воведе свежина на македонската естрада со трендовски песни, кореографии и препознатлив стил. Младите генерации растеа со нивните хитови. Нивните хитови како "Магија" , "ДЈ", Светло се Гасне" , "Помислувам на тебе", "Низ оган да минувам", "Кажи ми" и до ден денес се добро познати на македонската јавност.

Магија во своето постоење имаше издадено една касета, едно ЦД, 15 песни.

Концертна турнеја од 30 концерти низ републиката по спортски сали и домови на култура како и голем концерт во Скопје во спортската сала Кале.

 

Песни од албумот ''Помислувам на тебе''

01.Откачи се (1998)

02.ДЈ (1998)

03.Магија (1998)

04.Кажи ми (1999)

05.Светло се гасне (1999)

06.Вечерва се игра фанк (1999)

07.Јави се (1999)

08.Да сум тој што го чекаш ти (1999)

09.Помислувам на тебе (1999)

10.Шизни ме (1999)

11.За сите деца (1999)

Синглови:

12.Ивона (2000)

13.Низ оган да минувам (2000)

14.Дали се уште си моја (2001)

15.Мене ми треба љубов пак (2001)

Не издадена композиција

16.Моето име е Магија (2001)

Видео Спотови

01.Светло се гасне (1999)

02.Низ оган да минувам (2000)

03.Мене ми треба љубов пак (2001)

Награди:

  • Прва награда од публика на фестивалот ''Макфест'' 98, во вечер на домашни изведувачи

  • Втора награда од публика на фестивалот ''Макфест'' 98, во вечер на интернационални изведувачи

  • Награда насловена ''Изборот на публиката'' на манифестацијата 12 Величествени, во 1999 година

  • Награда насловена ''Група на годината'' на манифестацијата ТВ лице на годината, во 1999 година

  • Награда насловена ''Група на годината'' на манифестацијата 12 Величенствени, во 2000 година

  • Награда насловена ''Група на годината'' на манифестацијата Златна бубамата на популарноста, во 2000 година

Магија - Магија (ТВ лице на годината)

Магија - Помислувам на тебе (Хит на месец)

bottom of page