Ден на дрвото
2008
Организацијата ''Ден на дрвото'' во 2008 година ја започна кампањата засадија својата иднина, така што сите граѓани во Македонија земаа учество во овој проект и на тој ден садеа дрва низ цела држава. Јован Јованов беше еден од првите јавни личности кој остави голем печат и беше дел од организацијата уште од самиот почеток на овој проект. Воедно, ја создаде химната на овој проект наловена како ''Сакам Зелено'', го режираше видео записот за истата, помогна при договарање на музичкта естрада да биде дел од Денот за дрвото.
Кирилицо Испеана
2008
Проектот Кирилицо Испеана беше со цел да се направат преработики на македонски забавни евергрини во нови аражмани, со цел песните да заживеат кај новите генерации. Ограмната заинтересираност за преработките донесе до печатење на 20.000 ЦДа. Многу песни повторно се слушаа низ радио станиците, топ листите, беа пуштани по кафулиња, дискотеки и разни забави. На дел од тие песни беа снимени Видео Записи. Идејата, реализацијата и организацијата на проектот Кирилицо Испеана беше на Јован Јованов, а истиот беше под покровителство на Министерство за Образование и Наука.
Толеранција
2009
Во 2008 година Јован Јованов беша ангажиран за проектот Толеранција. Целта беше да изработи музичка композиција, вклучувајќи снимање и миксање на истата, како и да изработи видео запис посветен за толеранција помеѓу луѓето. Во Химната за толеранција како естрадни уметници учествуваа Ламбе Алабаковски, Елена Ристевска, Јован Јованов, Александра Пилева, Елвир Мекиќ и Next Time.
Хип Хоп Револуција
2009
Идеата за Проектот Хип Хоп Револуција беше со цел да се поткрене хип хоп културата во македонија на едно повисоко ниво. Талентираните рапери да имаат олеснување во пронаоѓање на својот пат. Јован Јованов и Марко Маринковиќ Слаткаристика во соработка на Тони Зен и групацијата Токсикологија успеаја во 2009 година да направат голема Хип Хоп Револуција. Како резултат на тоа Хип Хоп музиката стана најслушаната и најгледаната музика во Македонија во тој период. Хип Хоп артистите беа најплатени на своите настапи а нивните песни најпродавани. Под тој слоган беше организирана и турнеата на Слаткаристика и ги опфати концертите во Антички Театар Охрид, Дом на култура Штип и Струмица, Спортска сала Младост Битола и Метрополис Арена Скопје.
Макфест 2011, Макфест 2012
2011-2012
Реномираниот фестивал на забавни мелодии Макфестт во 2011 и 2012 година беше организиран од страна на Јован Јованов како Директор на истиот. Целта беше модернизација на фестивалот и носење на нови трендови. Макфест од секогаш ја прател светската музика и трендовските жанрови, затоа и секогаш песните излезени од тој фестивал беа дел од топ листите на радио станиците, забавите во кафулиња, дискотети и ноќни клубови. За зал 2012 година беше последната година кога композициите на Макфест беа трендовски и звучеа светски.